Niels Van Roij Design го претстави Silver Spectre Shooting Brake
Niels van Roij Design го претстави мистериозниот Silver Spectre Shooting Brake претходно оваа година, а сега ги сподели и сите детали за моделот
Овој неверојатен модел првично беше забележан кон крајот на август, а првично се мислеше дека станува збор за некаков специјален проект на Rolls-Royce. Потоа стана јасно дека станува збор за специјална креација на Niels van Roij Design, наречен Silver Spectre Shooting Brake, а сега споделија нови фотографии и детали за автомобилот.
Silver Spectre Shooting Brake е базиран на Rolls-Royce Wraith, а купето е целосно „препородено“ како луксузен автомобил со три врати кој потсетува на „славните денови на shooting brake автомобилите од 30-тите години на минатиот век“.
Како дел од трансформацијата, автомобилот доби долг „движечки“ покрив и широк заден столб. Сепак, компанијата најмногу се гордее со задниот дел за, како што велат, „смелото скулптурно детализирање“ кое привлекува внимание, додека „широкото и ниско поставено задно стакло е поставено длабоко во каросеријата поврзувајќи го Silver Spectre со британските автомобили и нудејќи чувство на педигре“.
Кога станува збор за внатрешноста, Silver Spectre е опремен со рачно изработена „Infinity Starlight“ покривна прекривка која содржи речиси 2.000 светла. За истите биле потребни „десетици часа да бидат инсталирани“, а „кон задниот дел избледува со што се добива впечаток на вистинско бескрајно ѕвездено небо“.
Секако, ова не е единствената промена, со оглед на тоа дека shooting brake дизајнот има потреба од модификации во пределот на багажникот. Овој дел е прекриен со кожа кој се комплементира со ентериерот и има џебови за складирање на страните. Автомобилот исто така има и две индивидуални седишта на задниот дел за кој се вели дека нудат „великодушен“ простор.
Само седум примероци
Очекувано, автомобилот се напојува со изворниот 6,6-литарски V12 битурбо мотор на Wraith, но тука е унапреден да произведува 700 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Од Niels van Roij Design не откриваат колку е брз нивниот модел, но стандардниот Wraith до „стотка“ стигнува за околу 4,5 секунди, а максималната брзина е 250 километри на час.
Производството ќе биде ограничено на само седум примероци и секој од нив ќе има „специјална и карактеристично уникатна дизајнерска тематика“. На надворешниот дел, моделот може да биде „опремен“ со двобоен финиш како и рачно нанесени тенки пруги. Во ентериерот прилагодувањата се поекстензивни со оглед на тоа дека купувачите можат да изберат од асортиман на високо полирани дрвени материјали како и персонализирани плочки за праговите и извезени потпирачи за глава.