fbpx

Seat и Cupra добија нов дизајнерски шеф

Поранешниот дизајнер на Audi Хорхе Диез станува директор за дизајн во Seat и Cupra од 1 декември, што за него е враќање во редовите на шпанскиот бренд

Хорхе Диез ќе стане нов шеф на дизајн во Cupra и Seat од 1 декември. Тој одамна е дел од VW групацијата, откако претходно работеше за брендот Volkswagen и за Audi во Германија, како и за Lamborghini и Ducati каде ја извршува улогата на директор за концептен дизајн. За време на неговиот прв престој во Audi, Хорхе Диез креираше модели како што е втората генерација на Audi TT и првиот A7 Sportback.

Исто така мора да се напомене дека Диез веќе има работено во Seat како шеф на дизајн на екстериер од 2011 до 2014 година. Тој е еден од креаторите на некои од најуспешните модели на шпанскиот бренд, вклучително и третата генерација на Leon, четвртата генерација на Ibiza, како и Ateca, првиот SUV на Seat.

„Хорхе Диез е еден од најталентираните дизајнери во автомобилската индустрија. Неговиот потпис е на голем број од нашите клучни автомобили од минатата деценија, како што се Leon, Ateca и Ibiza и затоа е одлично што се враќа во Seat. Неговото меѓународно искуство, инспирацијата од Барселона и вредностите на Seat и Cupra брендовите ќе се рефлектираат во моделите кои ќе ги лансираме во следните години“, изјави претседателот на Seat и Cupra, Вејн Грифитс.

Ова е второ големо засилување за Seat откако го промовираше извршниот директор на Cupra Вејн Грифитс како нов шеф, а Диез пристигнува на местото на Алехандро Месонеро-Романос, кој го напушти шпанскиот производител во јули со цел да се приклучи на Renault.

Поврзани вести

Back to top button