fbpx

Регулаторна повторно ги поскапува горивата

Со најновата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, малопродажната цена на горивата во нашата земја повторно поскапуваат

Регулаторна донесе најнова одлука според која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја во просек од 2,57 проценти во однос на цените кои беа утврдени минатата недела.

Според најновата одлука на Регулаторна, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за еден денар, додека малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за денар и половина. Така, според ова, од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе точиме за 60,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 62,50 денари, додека Еуродизел ќе се продава по цена од 53 денари по литар гориво.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, истакнува дека поскапувањето е резултат на растот на цените на берзата.

„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што пак предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата“.

Поврзани вести

Back to top button