fbpx

Откажан Салонот за автомобили во Токио

Организаторите на Салонот за автомобили во Токио открија дека изданието за 2021 година е откажано поради пандемијата на коронавирус

Салонот за автомобили во Токио за 2021 година требаше да се одржи во Makuhari Messe во периодот од 15 и 17 јануари, но целата манифестација е откажана поради веќе познати причини. Организаторите потврдија дека годинава нема да се одржи изданието на Салонот во Токио, а соопштението е споделено на официјалниот вебсајт. Очекувано, главна причина за откажувањето е пандемијата на Ковид-19, која ја запечати судбината на сите меѓународни автомобилски манифестации оваа година.

„Со оглед на тоа дека е клучно да се огранични социјалниот контакт и да се избегнат собирите, донесовме една тешка одлука. Иако знаеме дека ова ќе биде разочарување за сите, се надеваме дека ќе можете да ги разберете кои чекори ги преземаме за да го заштитиме нашиот персонал како и сите учесници“, велат организаторите.

Оние кои веќе купиле влезници за Салонот за автомобили во Токио за 2021 година ќе бидат обештетени. Но, и покрај тоа што настанот е откажан, не е се загубено, бидејќи манифестацијата ќе ги отвори своите „виртуелни порти“ на 15 јануари. Ова значи дека автомобилските ентузијасти сепак ќе имаат шанса да ги видат сите новитети кои се планирани за Токио.

Токио

Од друга страна, традиционалните автомобилски саеми полека „изумираа“ уште пред пандемијата, со тоа што некои производители преферираа да ги трошат своите пари за маркетинг на други страни, а претставувањето на своите најнови продукти го правеа преку дигитални канали. Од Lamborghini веќе најавија дека ќе ги напуштат сите автомобилски салони бидејќи веќе „не се вклопуваат во нивната филозофија“.

Поврзани вести

Back to top button