Регулаторна ги одреди цените за горивата во следните седум дена
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, се извршува намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија за 0,13 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела. Сепак, во реалност, цените на горивата за автомобилите не се менуваат, односно Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се продаваат по истата цена како и минатата недела.
Тоа значи дека горивата Еуросупер БС-95 и во следните седум дена ќе се точи за 61 денар по литар, Еуросупер БС-98 се продава за 63 денари, а Еуродизел се продава за 52 денари по литар гориво.
Намалувањето се однесува на Екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за половина денар. Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период, референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 0,407%, а кај дизелот за 0,57%.