fbpx

Toyota Yaris е Европски автомобил на годината за 2021

Toyota Yaris е избран за Европски автомобил на годината (COTY) за 2021 година од страна на жирито, откако успеа да слави во конкуренција вкупно седум модели

Престижната наградата за Европски автомобил на годината (Car of the Year) за 2021 година и припадна на новата генерација на Toyota Yaris кој успеа да слави во конкуренција на Cupra Formentor, новиот Fiat 500, Land Rover Defender, Citroën C4, Škoda Octavia и Volkswagen ID.4.

Субкомпактниот градски автомобил на јапонскиот производител освои 266 поени од страна на жирито. Yaris во понудата пристигнува со препознатливата хибридна технологија на Toyota и успеа да забележи огромен успех во Европа каде и што се произведува, a најновата генерација се закити со престижната награда на изборот кој оваа година се одржа по 58 пат.

За изборот на Европски автомобил на годината се задолжени 60 новинари од 23 земји во Европа, а изборот започна минатата година кога жирито ги избираше финалистите од првичната долга листа составена од 29 автомобили кои пристигнаа на пазарот во изминатиот период. Гласањето се одвива на тој начин што секој новинар има 25 поени кои може да ги распореди, со тоа што за еден финалист може да додели максимално 10 бодови.

По низата тестирања низ кои минаа автомобилите, седумте финалисти се најдоа на последна проба пред членовите на жирито, по што беше донесена конечната одлука.

Нашата редакција ја имаше таа чест да го тестира годинешниот победник во изборот за Европски автомобил на годината, а нашиот тест на Toyota Yaris можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

Со оглед на тоа дека Меѓународниот Салон за автомобили во Женева оваа година е откажан, сепак изборот за Европски автомобил на годината се одржа во швајцарскиот град во вообичаениот термин на овој настан, со што се продолжува традиционалната поврзаност на изборот и Салонот.

 

Поврзани вести

Back to top button