Нова промена на цените, бензините поскапуваат од вечерва на полноќ
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата во нашата земја
Со најновата одлука на Регулаторната комисија, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 0,80 проценти во однос на цените кои беа одредени минатата недела.
Според ова, малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се зголеми за еден денар во однос на претходната недела. Од друга страна, цената на Еуродизел останува непроменета.
Во согласност со тоа, од ноќеска на полноќ бензините Еуросупер БС-95 ќе се точи за 67 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по 69 денари по литар гориво. Литар Еуродизел и понатаму ќе се точи за 55 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,193%, а кај дизелот има намалување за 0,061%.