Регулаторна со ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја

Од ноќеска на полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата во нашата земја, кои се одредени со најновата одлука на Регулаторна комисија. Со најновата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 2,11 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

По трендот на поскапувања, Регулаторна минатата недела за прв пат по подолго време одлучи да ги намали цените, а сега се одлучи за ново намалување. Според истата, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за еден денар, додека Еуродизел се намалува за денар и половина.

Така, според методологијата за утврдување на цените на РКЕ, ова значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе точиме за 66 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 68 денари, а Еуродизел ќе се продава по цена од 55 денари по литар гориво.

Од Регулаторна комисија истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 4,255%, а кај дизелот за 5,212%.

Поврзани вести

Back to top button