fbpx

РКЕ со најновата одлука ги поскапува горивата

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја

По неколкукратните поевтинувања, од ноќеска на полноќ горивата повторно поскапуваат. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, според која од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат за 1,84 проценти во однос на минатата недела.

Во согласност со методологијата за утврдување на цените, РКЕ одлучи од 31 август цените на горивата во државава да се зголемат. Конкретно цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизел се зголемуваат за еден денар.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ и во следните седум дена, еден литар Еуросупер БС-95 ќе чини 71 денар, за еден литар Еуросупер БС-98 ќе треба да се издвојат 73 денари, а Еуродизел ќе точиме за 62,50 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа кај бензинот за 2,338 проценти, а кај дизелот за 3,952 проценти.

Поврзани вести

Back to top button