fbpx

Авто Плус на Porsche Road Tour 2021

Минатиот викенд редакцијата на Авто Плус ја имаше честа да биде дел од годинешното издание на Porsche Road Tour

Една од наjпрестижните тури низ нашата држава, Porsche Road Tour, се одржа минатиот викенд под покровителство на Порше Македонија, а Авто Плус беше дел од настанот каде нашата редакција доби шанса да седне зад управувачот зад сите модели кои се наоѓаат во понудата на Porsche.

Турата, која започна во Скопје, се упати кон Гевгелија, со стандардните попатни застанувања за присутните да имаат можност да ги заменат возилата и да ги повозат сите модели, се до стигнувањето на крајната дестинација. Групата, покрај Авто Плус и останатите присутни, ја сочинуваа и двајца сертифицирани инструктори од Porsche, заедно со организаторите.

Porsche Road Tour 2021

Благодарение на сето ова, имавме можност да седнеме зад управувачот на 12 спортски возила на прославената германска марка, а „ергелата“ беше составена од 911 Turbo S, 911 4S, Cayman S, Boxter S, Macan Turbo, хибридните Panamera 4S E-Hybrid, Panamera Turbo S E-Hybrid, спортските SUV модели Cayenne Coupe GTS, Cayenne Coupe Turbo и Cayenne GTS, а неизбежни беа и целосно електричните Taycan Turbo S и Taycan 4S.

Porsche Road Tour 2021

Porsche Road Tour траеше четири дена, а за тоа време имавме можност да ги почувствуваме перформансите кои ги нудат моделите на Porsche. Секако, најголемото внимание го привлече електричниот Taycan во 4S и Turbo S изведба, кој попатно се полнеше со струја на полначките станици Porsche Destination Charging.

Се на се, мошне возбудлив викенд со Porsche Road Tour 2021 кој во целост ги исполни очекувањата и ги задоволи перформансните апетити на присутните.

Поврзани вести

Back to top button