fbpx

Nissan произведе 3.000.000 Qashqai во Велика Британија

По рекордна продажба во 2017 година, Nissan Europe забележа уште еден импресивен успех, откако производството на моделот Qashqai во фабриката на брендот во Сандерленд, Велика Британија, ја мина границата од 3.000.000 единици

Продажбата на Nissan во Европа минатата година достигнаа ниво од 762.574 возила (Nissan и Datsun), што претставува зголемување од 3,8% во однос на 2016. И реализацијата на моделот Qashqai во 2017 исто така беше рекордна, односно побарувачката на кросоверот е зголемена за 1.2%, или пласирани 265.520 единици. Вкупно изминатата годината, во фабриката на брендот во Сандерленд, во Велика Британија, биле склопени 346.856 изведби на Qashqai.

Nissan

Qashqai е успешна пазарна приказна на Nissan во Европа, а до сега може да се пофали со повеќе од 80 награди, вклучувајки 19 за Автомобил на годината. Од првата генерација на Qashqai, Nissan евидентира 1.482.214 продажби, потоа следеа 270.018 од Qashqai – 2 и 1.250.175 од актуелната генерација на моделот, кој помина низ сериозно реновирање минатата година.

Nissan

Поврзани вести

Back to top button