Abarth F595 пристигнува со мотор од Formula 4
Новата специјална Abarth верзија наречена F595 настана во чест на партнерството со компанијата Tatuus, а станува збор за модел кој користи мотор од Formula 4
Во согласност со новата стратегија на Stellantis, Abarth ќе добие постава со исклучиво електрични возила до 2024 година. Но, во меѓувреме, компанијата продолжува да го прави она што го знае најдобро. А тоа е модифицирање на Fiat 500 со многу поспортска и помоќна конфигурација. Оттаму и оваа специјална верзија наречена Abarth F595 настаната во соработка со компанијата Tatuus. Воедно, моделот одбележува и 50-годишнина откако Abarth го дизајнираше првиот Formula Italia едносед.
Едноседите на Tatuus во италијанскиот и германскиот Formula 4 шампионат од 2014 година користат 1,4-литарски бензински мотор со турбополнач, а оваа погонска единица се најде и во новиот Abarth F595. Од Abarth велат дека новиот F595 користи четирицилиндричен 1,4-литарски мотор опремен со Garrett турбополнач со геометриски степен на компресија од 9:1. Испорачува 167 КС и 230 Nm максимален вртежен момент при само 2.250 вртежи во минута. Моторот стандардно се нуди со мануелен менувач, но како опција може да се избере петстепена автоматизирана мануелна трансмисија.
Кога станува збор за перформансите, на F595 му се потребни 7,3 секунди за да комплетира спринт од 0 до „стотка“. На верзијата со секвенцијален менувач и е потребна една десетинка повеќе. Максималната брзина која може да ја достигне е 217 километри на час, откако ќе го покрие забрзувањето од 80 до 112 километри на час за 7,8 секунди во петта брзина.
Клиентите можат да го добијат F595 во хечбек и кабрио верзија. Во секој случај, двата го добиваат новиот Record Monza Sovrapposto активниот издувен систем. Истиот се одликува со четири завршетоци, по два на двете страни од задниот браник кои се поставени еден врз друг. Издувот инкорпорира активна контрола на вентилите со притискање на само едно копче поставено на контролната табла со цел да го менува звукот на возилото при возење.
Моделот е поставен на 17-инчни тркала со 284 предни, односно 240-милиметарски задни вентилирачки дискови. F595 е достапен во повеќе бои комплементирани од новите Rally Blue акценти на екстериерот. Во внатрешноста, возилото добива 7-инчен Uconnect инфозабавен систем со Apple CarPlay и Android Auto интеграција како стандарден дел од опремата.