Европа ја започна годината со раст од 7,1%
Првите податоци за 2018 година од Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA) покажуваат дека во јануари, регистрациите на нови автомобили се зголемија за 7,1%. до ниво од 1.253.877 продадени единици
Со продажен бум на стартот на годината може да се пофалат речиси сите пет главни европски пазари, со исклучок на Велика Британија, каде што е евидентиран пад за 6,3%. Во Шпанија, зголемувањето изнесува 20,3%, во Германија 11,6%, Италија 3,4% и во Франција 2,5%.
Во средината на минатиот месец, ACEA ги објави и резултатите за календарската 2017, според кои бизниси во текот на годината беше за 3.4% подобар од оној во 2016. Вкупниот показател за годината е ниво од 15.137.732 автомобили и покрај намалувањето од 4,9% (1.088.498 единици) во декември.