Кинескиот Aiways на саемот во Женева
Новиот кинески автомобилски произведувач Aiways го најави првиот кросовер од неговата гама Aiways U5 кој ќе биде претставен на публиката на саемот во Женева
Aiways најави дека во својата гама покрај спортски автомобил ќе има SUV, кросовер, барем еден седан и MPV и сите ќе бодат напојувани од електричен погон. Во најавата Aiways вели дека U5 моделот ќе се одликува со иновативна конструкција, напреден погонски систем како и конкурентна цена.
Спецификацијата за возилата кои ќе бидат наменети за европскиот пазар сеуште не се објавени, но кинескиот пазар располага со 140 kW/190KS и 315 Nm, должина од 468 cm, ширина од 188 cm, меѓуоскино растојание од 270 cm, батерии од 63 kWh со автономија од околу 460 km, а верзијата со 100 km подолга автономија ќе се појави малку подоцна. Во внатрешноста ќе има два екрана и тоа еден од 10.2 инчи и еден од 12.3 инчи и полуавтономен систем на возење.