fbpx

Alfa планира да продаде 400.000 кросовери во 2022 година

Планот на италијанскиот производител Alfa Romeo е сериозен, па се очекува проширување на гамата

Освен Stelvio, во план е лансирање на уште најмалку два слични модели. Еден ќе биде помал, конкурент на BMW X2 и Audi Q3, додека вториот ќе биде поголем. Со ваква стратегија компанијата се надева дека ќе продаде 400.000 кросовери годишно во 2022 година. Голем дел од тоа треба да биде на компактен SUV, кој ќе користи скратена верзија на Giorgio платформата. Може да се заклучи дека моделот ќе биде со погон на задните, додека системот на четири тркала ќе биде достапен како опција.

Следејќи ги најновите трендови, Alfa Romeo планира да понуди и електрифицирани верзии на својот нов кросовер.

Главната верзија ќе добие хибридна единица со бензински мотор и електричен мотор со вкупна моќност од 400 КС. Оваа опција ќе забрза од 0 до 100 km/h за 5 секунди, aсамо струја ќе минува до 50 км. Компактниот кросовер се очекува да дебитира во 2020 година, заедно со новата генерација на хечбекот Giulietta, која ќе ја користи истата платформа. Италијанскиот голем SUV  ќе  биде подготвен една година подоцна.

Поврзани вести

Back to top button