Alfa Romeo со четири нови модели до 2022 година
Alfa Romeo објави детали за планот за развој во наредните четири години и според него легендарната марка ќе даде приоритрт на зголемување на технолошката база
Развојот ќе се реализира преку воведувањето на хибридизирани и електрифицирани модели, нови производи и технологии, а крајна цел е зголемување на продажбата за околу 26%. Од Alfa Romeo ги понудија и првите детали за оживување на две свои икони, моделите GTV и 8C, кои ќе бидат лансирани на пазарот до 2022 година.
Новата Alfa 8C ќе располага со карбонско монокок купе, централно поставен турбоагрегат, предни тркала со електричен погон, a вкупната максимална моќност на погонот сисетема ќе е над 700 коњски сили со можност за забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 3 секунди. Новото GTV, исто така, ќе биде електрифициранo, со 50/50 распределба на масaта врз оските, а погонот ќе биде во состојба да генерира максимална моќност од над 600 коњски сили.