fbpx

Alfa Romeo ги претстави Stelvio и Giulia Estrema

Италијанската марка Alfa Romeo ја збогатува понудата на своите модели Stelvio и Giulia со додавањето на новата Estrema варијанта

Alfa Romeo го засилува своето спортско наследство со новите Estrema изданија на Stelvio и Giulia кои ја пополнуваат празнината меѓу мејнстрим варијантите и нивните Quadrifoglio верзии со високи перформанси. Достапни на глобално ниво, Giulia Estrema и Stelvio Estrema се базирани на Veloce тримот, но добиваат неколку одлики кои се карактеристични за Quadrifoglio. Меѓу овие унапредувања се задниот диференцијал со ограничено пролизгување и активниот заден систем на потпирање, кој „го чита патот и брзо ги прилагодува амортизерите за да испорача подобри управувачки карактеристики при високи брзини, а притоа го задржува удобното возење“.

Alfa Romeo Stelvio Giulia Esrema

Црна тематика

Нивната спортска природа е забележлива на екстериерот благодарение на карбонскиот фурнир кој е аплициран на решетката и капаците од ретровизорите. Од друга страна, дизајнерите инсталираа и црн трим, темни Estrema беџови и црни шапи на сопирачките со бел Alfa Romeo натпис.

Alfa Romeo Stelvio Giulia Esrema

Темниот третман продолжува и на тркалата, со оглед на тоа дека сјајно црните 19-инчни тркала можат да се најдат кај Giulia Estrema, додека Stelvio Estrema добива поголеми 21-инчни фелни. Кога станува збор за боите, купувачите можат целосно да ја прифатат црната естетика и да ја нарачаат својата Estrema верзија во Vulcano Black боја. Оние кои сакаат нешто помалку застрашувачко можат да изберат Alfa Rosso, Alfa White или Misano Blue.

Спортски третман во кабината

Спортската тематика продолжува и во кабината, благодарение на карбонските акценти кои можат да се најдат и кај Quadrifoglio варијантите. Тука се и спортските седишта со црна кожа, контролна табла обложена во кожа и црвени контрастни конци. Меѓу останатите карактеристики се издвојува и сончевиот покрив со двојни панели, бежичниот полнач за паметни телефони и Harman Kardon аудио систем со 14 звучници.

Кога станува збор за опремата, двата модели доаѓаат со асортиман на системи за асистенција на возачот, вклучително и активен темпомат, асистенција за слепа точка, предупредување за напуштање на коловозната лента, предупредување за преден судир и автоматско сопирање во итни случаи. Купувачите ќе можат да го изберат опционалниот Active Assist Plus пакетот кој доаѓа со асистенција за автопат, асистенција за одржување на коловозна лента, препознавање на сообраќајни знаци и ред други работи.

Alfa Romeo Stelvio Giulia Esrema

Без Quadrifoglio унапредувања под хаубата

За жал, Quadrifoglio унапредувањата не го опфаќаат и она што се наоѓа под хаубата, со оглед на тоа дека Estrema верзиите се напојуваат со турбо 2,0-литарски четирицилиндерски мотор кој испорачува 284 КС и 414 Nm максимален вртежен момент. Ова и овозможува на Giulia Estrema да забрза од нула до „стотка“ за 5,2 секунди, додека на Stelvio Estrema, кој доаѓа со погон на сите четири тркала, за истото му се потребни околу пет и пол секунди.

Alfa Romeo Giulia и Stelvio Estrema верзиите наскоро ќе се најдат во продажба на глобално ниво, а цените ќе бидат објавени дополнително за европскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button