fbpx

Alfa Romeo ги рестилизираше Quadrifoglio изданијата на Giulia и Stelvio

Alfa Romeo Giulia и Stelvio во Quadrifoglio издание минаа низ фаза на освежување и рестилизација за европскиот пазар

Италијанската компанија во ноември минатата година ги претстави Giulia и Stelvio за 2020 година со унапреден инфозабавен систем наменет за пазарот во САД. Двата модели пристигнаа со подобар дигитален екран пред возачот и незначително ревидирана централна конзола, со усовршени системи за возачка асистенција. Сега, Alfa Romeo ги претстави двата модели во Quadrifoglio издание со слични подобрувања наменети за европскиот пазар.

Giulia пристигнува со нов сет 21-инчни фелни, дизајнирани специјално за Quadrifoglio верзијата. Двата високоперформансни модели пристигнуваат со изменети LED задни светла, кои сега се одликуваат со исполирани леќи, со сјајно црн финиш на ознаките. Ретро и „олдтајмер“ боите воведени во програмата на регуларните модели, сега се во понудата кај знаменосците, така што купувачите како опција можат да се одлучат за ретро шмек во вид на Rosso 6C Villa d’Este, Ocra GT Junior и Montreal Green финиш.

https://www.youtube.com/watch?v=oscXZuHhnBQ

Промените на надворешноста завршуваат со опциониот Akrapovič издувен систем направен од титаниум во комбинација со завршетоци од карбон. Станува збор за двоен издув, кој наликува на стандардниот, но од Alfa Romeo нагласуваат дека истиот испорачува „уште порафинирани тонови“.

Кога станува збор за внатрешноста, покрај споменатите промени, Quadrifoglio изданијата имаат нов управувач и со кожа обложена рачка на менувачот, со црвени или зелени безбедносни појаси, како алтернатива на традиционалното црно решение. Електричните спортски седишта се преслечени со перфорирана кожа.

Alfa Romeo

Споменатиот 8,8-инчен екран чувствителен на допир сега вклучува и Performance Pages опција, која се состои од посебни екрани кои покажуваат статус на возилото во реално време. Возачите ќе имаат брз пристап до релевантните податоци поврзани за притисокот во турбините и количината на моќност која се користи во секој даден момент, со детали околу температурата на главните механички компоненти.

Alfa Romeo Giulia и Stelvio Quadrifoglio се напојуваат со 2,9-литарскиот V6 мотор кој испорачува 510 КС.

Поврзани вести

Back to top button