fbpx

Alfa Romeo GTA модел кој никогаш не доби продукциска верзија

Многумина љубители на италијанскиот бренд сметаат дека е вистинска штета што Alfa Romeo MiTo GTA од 2009 остана само на ниво на концепт

Италијанскиот производител Alfa Romeo неодамна ги израдува своите фанови со GTA и GTAm верзии на спортската лимузина Giulia. На Alfa и требаше долго време за еден свој модел да го понуди на купувачите во тркачка GTA варијанта, со оглед на тоа дека последните автомобили на Alfa Romeo кои ја носеле GTA ознаката беа 156 и 147, а тоа се случи уште на почетокот од 21 век.

Меѓутоа, љубителите на Alfa Romeo ќе се сетат дека пред десетина години италијанската компанија планираше сериско производство на моделот MiTo GTA. Имено, на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева во 2009 година беше претставен концептот од ова возило кое пратично беше претпродукциска верзија подготвена за производство.

Концептот имаше поагресивен изглед од регуларната варијанта на моделот MiTo, со аеродинамички додатоци на надворешноста, додека за погонот користеше четирицилиндерки 1,75-литарси турбо-бензински мотор со 240 КС, кој доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен менувач.

Од Alfa Romeo тогаш тврдеа дека MiTo GTA од нула до „стотка“ стигнува за само 5 секунди и може да разие 250 километри на час. За да ги постигнат овие перформанси, автомобилот освен моќен мотор мораше да има и мала маса, па затоа некои делови од каросеријата биле изработени од карбон, а голем број механички компоненти содржеа делови од алуминиум.

Автомобилот беше подготвен за производство

Alfa Romeo

Унапредувања беа постигнати и на планот на аеродинамика, вклучително вградување на предниот сплитер и масивниот заден дифузор. Освен тоа, MiTo GTA Concept беше спуштен за 20 милиметри во однос на стандардната верзија на овој автомобил, а имаше и активен, електронски контролиран систем на потпирање.

Alfa Romeo

Внатрешноста беше соголена со цел возилото дополнително да се олесни – напред наместо класични вградени се спортски седишта, додека задната клупа беше тргната. Alfa Romeo MiTo GTA беше подготвен за сериско производство, но поради тогашната светска економска криза менаџментот сепак се откажа од продукциската верзија. Така, најмоќната верзија на овој автомобил до денеска остана Quadrifoglio Verde опремена со 1,4-литарски турбо бензински мотор со 170 КС.

Поврзани вести

Back to top button