fbpx

Alfa Romeo подготви фејслифт за Giulia и Stelvio Quadrifoglio

Деби на Alfa Romeo Giulia и Stelvio Quadrifoglio кои добиваат и специјално издание 100th Anniversaro и ќе биде ограничено на 100 примероци

Во октомври 2022 година Alfa Romeo ги освежи Giulia и Stelvio со фејслифтинг, а сега италијанскиот бренд ги освежува и нивните Quadrifoglio верзии. Ова динамично дуо е малку попосебно бидејќи автомобилите се дел од специјалното издание „100th Anniversario“ за да се одбележи еден век откако првиот автомобил на италијанската марка го имаше своето тркачко деби. Секој модел е ограничен на 100 единици и добива асортиман на визуелни измени внатре и надвор.

Спортската лимузина вози на тркала од 19 инчи, додека теренецот добива тркала од 21 инчи, а двата модели имаат златни шапи на сопирачките. Истата сјајна завршница е нанесена и на значката на предниот браник каде што има натпис „1923-2023“ за да го нагласи наследството. Засновани на фејслифтираните верзии, Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio сега имаат поостри Matrix LED фарови.

Alfa Romeo Quadrifoglio 100th Anniversario

Карбонските влакна нанесени на предната решетка и капачињата на страничните ретровизори продолжуваат внатре за панелите на вратите, централниот тунел и таблата со инструменти. Alfa Romeo користи комбинација од црна кожа и Алкантара низ целата кабина, која е украсена со златни шевови на контролната табла. Производителот има извезено и „100“ до златното лого Quadrifoglio на совозачката страна на контролната табла.

Пред возачот се наоѓа управувач обложен со кожа и Алкантара со црни шевови и инсерти од карбон. Слично како останатите модели на Giulia и Stelvio, така и Quadrifoglio добива дигитална група инструменти со димензии 12,3 инчи за да биде во чекор со времето.

Механички промени

Во срцето на двата модели е истиот битурбо, 2,9-литарски V6 мотор чија моќност изнесува 520 КС и 600 Nm вртежен момент и доаѓа во комбинација со механички самозаклучувачки диференцијал, карактеристика која дебитира со оваа специјална верзија. Станува збор за важен технички уред кој, благодарение на специфичното подесување добиено од дизајнерското искуство на Giulia GTA, придонесува за подобрување на однесувањето и влечната сила на автомобилот, оптимизирање на преносот на вртежниот момент и зголемување на стабилноста, агилноста и брзината во свиоците.

Alfa Romeo Quadrifoglio 100th Anniversario

Од Alfa Romeo велат дека ќе почнат да примаат нарачки за моделите на 100th Anniversaro оваа пролет и ќе бидат достапни од третиот квартал на годината.

Поврзани вести

Back to top button