fbpx

Alfa Romeo со тизер го најави својот нов суперавтомобил

Alfa Romeo го објави првиот тизер од својот нов суперавтомобил со средно поставен мотор и потврди дека ќе ја забележи својата премиера на 30 август во музејот Alfa Romeo во Ломбардија, Италија.

Најавата на сликата се чини дека го покажува управувачот на автомобилот, но е матна и нејасна. Она што можеме да се забележи е дека центарот на управувачот ќе биде обложен со кафена кожа, а ќе има и значка на Alfa Romeo.

Италијанската марка засега останува таинствена кога станува збор за деталите на автомобилот, но минатата недела се појави извештај во кој се тврди дека автомобилот ќе биде наречен 33 и дека само 33 единици се наменети за производната линија. Се смета дека дизајнот на автомобилот е изработен по примерот на легендарниот Alfa Romeo 33 Stradale од 1967 година.

Техничките спецификации за автомобилот остануваат мистерија. Некои тврдат дека 33 ќе се базира на Maserati MC20 и дека ќе го користи истиот 3,0-литарски V6 со двоен турбо полнач. Освен тоа, се шпекулираше дека целиот погон да биде хибриден, односно Alfa Romeo да додаде барем еден електричен мотор на овој мотор, давајќи му на автомобилот значителна предност во однос на моќноста на MC20 и можеби моќност од дури 800 КС. Други извори тврдат дека ќе користи верзија на 2,9-литарскиот битурбо V6 кој се наоѓа во Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio, но надграден со дополнителна моќност.

Без оглед на тоа каков мотор го придвижува новиот суперавтомобил Alfa Romeo, се очекува тој да достигне максимална брзина од 333 километри на час.

Главниот извршен директор на Alfa Romeo, Жан-Филип Импарато, потврди претходно оваа година дека марката почнала да прима депозити за автомобилот пред да добие дозвола од Stellantis. Тој исто така тврдеше дека ќе биде распродаден до моментот кога ќе биде претставен.

Поврзани вести

Back to top button