fbpx

Alpina официјално станува дел од BMW

Долгогодишниот соработник и тјунер на BMW, компанијата Alpina, официјално ќе стане дел од семејството на баварскиот гигант

Баварскиот гигант BMW ја откупи Alpina, отворајќи ново поглавје во врската која трае повеќе од 50 години. Компаниите постигнаа договор според кој BMW ќе преземе целосна контрола по 31 декември 2025 година, кога актуелниот договор за кооперативност ќе истече. До тогаш, Alpina ќе продолжи да прави модифицирани верзии на BMW продуктите.

По ова, објектот на Alpina во Бухлоа ќе продолжи оперативно да функционира со продажба, делови и додатоци, но производството на автомобили ќе се префрли во една од фабриките на BMW. Исто така ќе има и експанзија на развојните услуги на BMW во објектот на Alpina. Германскиот производител веќе делумно ги склопува автомобилите на Alpina пред да ги испрати во Бухлоа на финално склопување. Покрај сето ова, Alpina ќе започне да нуди реставрации на своите класични модели. Ова вклучува производство и дистрибуција на класични делови и додатоци, покрај продавањето на легендарните возила.

Бурјхард Бовензипен ја основа Alpina во 1965 година и изгради репутација со тјунирање на BMW моделите. Во 70-тите години, автомобилите на Alpina постигнаа големи успеси во светот на мотоспортот и во 1983 година компанијата беше признаена како посебен производител. Оттогаш, BMW и Alpina соработуваа тесно, со тоа што брендот од Бухлоа се разликуваше од BMW M дивизијата со тоа што се фокусираше и на луксуз и на перформанси.

BMW Alpina

„Ги препознавме предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија и сега го поставуваме вистинскиот курс за Alpina и за нашата семејна компанија“, изјави Андреас Бовензипен, ко-менаџер на Alpina Burkard Bovensiepen GmbG + Co. KG. Ниту Alpina, ниту ВMW не објавија финансиски детали околу купопродажниот процес.

Во соопштението на BMW, се споменува дека се построгите регулативи за емисии, како и возачките системи за безбедност го прават функционирањето на компанија со мало производство исклучително тешко. Со ова спојување се овозможува Alpina да остане на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button