fbpx

Alpine ја претстави уникатната изведба на A110 SportsX

Француски Alpine на саемот International Automobile Festival (FAI) во Париз ќе го промовира А110 SportsX, инспириран од оригиналното А110 рели возило

Покрај A110 SportsX, Alpine на FAI во Париз ќе се претстави со уште неколку модели кои не се толку добро познати на јавноста, како што се A210 прототипот, Alpine Vision Gran Turismo, A110 1800 Gp4, A110S, како и А110 1300, но засега објави фотографии само од својот необичен A110 SportsX.

Возилото кое триумфираше во 1973 година на Монте Карло релито доби интересен „римејк“ од страна на француската компанија. Станува збор за Alpine A110 SportsX концепт кој доби 60 mm повисок клиренс, проширување на штитниците за кал, со што автомобилот е 80 mm поширок, дополнителни заштитни елементи, багажник за скии, црна хауба и црн покрив, додека погонот и понатаму е само на задните тркала.

Во славната француска компанија која е под закрилата на Renault, си поиграа со својот спортски модел А110, а крајниот резултат е нешто што наликува на концептен SUV. Времето ќе покаже дали во Alpine на крајот ќе претстават и продукциско издание од својот атипично замислен SUV со рели примеси.

Како што велат во компанијата, А110 е непресушен извор на инспирација во Alpine, а доказ треба да претставува токму Alpine А110 SportsX. Со своите нови димензии, A110 SportsX додава нова димензија кај спортските автомобили. Базиран на техничките карактеристики на A110 Pure, А110 SportsX останува верен на ДНК-та на Alpine, а тоа е агилност и леснотија за уживање во возењето.

Погонското решение не е менувано, па и концептниот SUV А110 SportsX се напојува со 1,8-литарскиот четирицилиндричен турбобензински мотор на Renault кој развива 252 КС и 320 Nm најголем вртежен момент. Преносот на силата на задната осовина се пренесува со посредство на 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Поврзани вести

Back to top button