fbpx

Alpine произведе 5000 претставници на А110

Брендот Alpine, дел од Renault Group ја достигна границата од 5000 произведени претставници на целосно новиот модел A110

Производството на новиот Alpine A110 започна кон крајот на 2017 година, а само неколку недели по ова- за време на меѓународниот саем во Женева, бевме сведоци на неговите први две специјални верзии, A110 Pure и Légende.

Alpine коментираше дека тие остануваат верни на духот на брендот, истовремено зачувувајќи ја компактната големина, лесната конструкција и агилноста на патот. Главните фактори се специјално оптимизираната и димензионираната алуминиумска конструкција, 1.8 литарскиот централно поставен мотор со 252 коњски сили, спортската суспензија и седум степенната роботизирана менувачка кутија со кои беа опремени и двете нови верзии.

Со исклучително лесна конструкција (тежина 1080 кг) и специјално дизајнирано и аеродинамично оптимизирано купе, Alpine A110 е со основни димензии должина 4178 мм, ширина 1798 мм и височина од само 1252 мм, и е опремен со 1.8 литарски турбо мотор развиен од алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.

Максималната моќност која може да ја генерира е 252 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 320 Nm. Во комбинација со лесната конструкција и менувачот, A110 нуди можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 4.5 секунди.

За постигнување на уште повисоко задоволството за време на управувањето, Alpine A110 му овозможува на возачот да избере помеѓу три режими на возење- Normal, Sport и Track. Секој се одликува со различно поставување на моторот, менувачот, електронска стабилност, издувен систем и информации на екранот.

Поврзани вести

Back to top button