fbpx

Amazon и Hyundai започнуваат партнерство за продажба

Hyundai постигна договор со гигантот за интернет продажба, Amazon, да започне да ги продава своите автомобили на платформата во 2024 година

Amazon и Hyundai започнуваат партнерство кое ќе биде фокусирано на онлајн продажба на автомобили. Автомобилските дилери и понатаму ќе играат голема улога во трансакцијата, но се чини дека овој потег нуди повеќе моќ и знаење на потрошувачот.

Ова партнерство вклучува голем број промени за Hyundai, вклучително и употребата на AWS како негов „cloud провајдер“ и интеграција на Amazon Alexa во моделите од следната генерација. Сепак, за сега, големата вест е дека почнувајќи од 2024 година, купувачите на автомобили ќе имаат шанса да купат сосема нов Hyundai директно на Amazon.

Марти Малик, потпретседател на секторот за светски корпоративен бизнис развој во Amazon, го објасни процесот на вака: „Искуството за онлајн купување ќе ви овозможи да купите автомобил преку продавницата на Amazon во САД… Ќе можете да го споредите изборот во локалните дилери и да видите транспарентен цени… Можете да го изберете претпочитаниот модел, боја и карактеристики… и да го проверите целосно онлајн… Потоа ќе го подигнете вашето возило од вашиот локален застапник во време кое најмногу ви одговара вам“.

Услугата ќе биде достапна за јавна употреба подоцна следната година. Hyundai е првата марка што ќе биде достапна, но најверојатно ќе следат и други. Hyundai го наведе незадоволството на клиентите како дел од причината поради која го прави овој потег. Тоа не треба да биде толку шокантно со оглед на навиките на дилерите во САД и обичајот да додаваат огромни маржи на производите на Hyundai во минатото.

Иновативна промена

Целиот систем ќе функционира на тој начин што дилерите ќе можат да наведат свои залихи на Amazon. Клиентите можат да ја пребаруваат страницата и да ги приспособат своите прашања по модел, опрема, боја и карактеристики. Оттаму, купувачите ќе ги изберат нивните опции за плаќање и финансирање. По завршувањето на продажбата, едно лице ќе може да одлучи дали да го подигне возилото или да го достави дилерот. Со ова, цените ќе бидат многу потранспарентни и ќе им овозможи на купувачите да добијат пофер договор.

Во секој случај, ова е доста важна работа и иновативно мислење за тоа како да се понуди продажба на интернет додека се уште се работи во рамките на традиционалниот модел на застапништво.

Иако Hyundai може да биде првиот производител на автомобили што ќе се здружи со титанот за е-трговија, потфатот на Amazon во арената за продажба на автомобили веројатно ќе го предизвика интересот и на другите производители на автомобили.

Поврзани вести

Back to top button