fbpx

Американците „заглавија“ со најдобриот SUV во светот

Тексашки љубители на офроуд успеале да заглават со рускиот модел Sherp, „најдобар теренец во светот"

Машината со 63-инчни тркала, развиена од страна на Алексеј Гарагашин се заглавила во матна локва и морале да ја извлечат со помош на чекрек. Главната карактеристика на Sherp се патентираните специјални гуми со постојан притисок и посебен систем за контрола на истиот и пневмоциркулирачка суспензија, пронајдоци од Гарагашин.

Пневматиците на SUV изведбата се поврзани едни со други со воздушни цевки. Нивниот проток може да се дотерува до целосно затворање, што истовремено ја подобрува деформација на тркалата при надминување на пречка и делумно ја заменува суспензијата. Теренецот има јапонски дизел мотор Kubota со зафатнина од 1.5 литри и моќност 44 КС, во комбинација со петстепен мануелен менувач. Максималната брзина на суво е 45 km/h, а во вода – 6 km/h.

Sherp

Клиренсот на Sherp е 600 mm, овозможувајќи му да помине низ бетонски блокови. Опремата вклучува халогени светла, специјална церада, резервоар од 58 литри … Покрај тоа, може да се нарача и шпорет, приколка и опционални резервоари монтирани на тркалата.

Поврзани вести

Back to top button