fbpx

Американски електричен модел со автономија од 300 km

Американската компанија Vanderhall Motor од Јута го претстави својот нов модел, електричeн автомобил на три тркала, спортскиот Edison2

Премиерата на родстерот се одржа во Лас Вегас, на Consumer Electronics Show CES 2018.

Ова остварување е „наследник“ на моделите Laguna и Venise. Електричното возило Edison2 е опремено со две моќни единици кои развиваат 180 КС и 245 Nm вртежен момент, како и блок литиум-јонски акумулатори со 30 kWh. „Трициклот“ може да помине со едно полнење околу 320 километри.

Компанијата вели дека Edison2 ќе стане најбрзиот автомобил на Vanderhall во историјата. Родстерот е способен да се забрза од место до стотка за нешто над три секунди, а максималната брзина му е 170 km/h.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=sMWveqqMUY0

Edison2

Поврзани вести

Back to top button