fbpx

AMG доби нов член, Mercedes го претстави CLA 45 Shooting Brake

Фановите на високо перформансните каравани отсега можат да се радуваат и на новиот моќен AMG караван, кој доаѓа и во S-варијанта

Гледајќи под хаубата, новиот Mercedes-AMG CLA 45 Shooting Brake доаѓа со 2,0 литарски четири-цилиндарски турбо мотор, кој произведува моќност од 382 коњски сили и вртежен момент од 480 Nm. Погонската единица е поврзана со осум-степен менувач со двојна спојка и стандарден погон на сите четири тркала. Ваква склопената конфигурација на овој караван му овозможува спринт до 100 km/h за 4,1 секунди, пред да ја достигне ограничената максимална брзина од 250 km/h.

За оние кои бараат нешто помоќно, можат да се одлучат за S-варијантата која доаѓа со надграден мотор кој во вакви услови испорачува 415 коњски сили и 500 Nm. Благодарение на дополнителните дваесеттина коњи, AMG CLA 45 Shooting Brake ја достигнува 100-ката за точно 4 секудни, додека пак ограничената максимална брзина се качува на 270 km/h.

AMG

Промените во перформансите не се ограничени само на моторниот простор. Возилото, исто така, го задржува AMG Torque Control, спортско подесеното потпирање и високо перформансниот систем за кочење. Тука се и електро-механичкиот спортски систем за управување и AMG Dynamic Select системот со голем број на различни режими.

Дизајнерски гледано, моделот ги следи стапките на A45 и CLA45. Како резултат на тоа, Mercedes-AMG CLA 45 Shooting Brake ја носи добро познатата Panamericana решетка, која го разликува од побројната A35 Shooting Brake. Моделот исто така е опремен со поагресивен преден дел, кој вклучува интегриран сплитер. Во задниот дел, присутен е вентилирачк заден браник, спортски дифузер и издувен систем со четири издувни цевки, со врвови со дијаметар до 90 mm.

Влегувајќи во кабината, возачите ќе најдат микрофибер и спортски кожени спортски седишта со црвено контрастно шиење. Темата со двата тона (црвено-црна) дополнително се засилува со црвените сигурносни ремени, хромираните воздушни отвори со црвени акценти и високо-сјајните црвени завршетоци. Верзијата S е во голема мера идентична, со тоа што црвените акценти се заменети со жолти.

Без оглед кој модел е избран, и двајцата се опремени со инфозабавниот MBUX систем, кој доаѓа со специфичните AMG дисплеи. Покрај ова, автомобилот е опремен и со спортски дигитален инструмент кластер и технологија за препознавање на глас.

Поврзани вести

Back to top button