fbpx

Ares Design подготви спектакуларен примерок на Porsche 911 Targa

Кога станува збор за изработка на каросерии и унапредување на веќе постоечки ремек-дела, Ares Design се вистински мајстори во своето поле

Targa е најуникатниот каросериски дизајн кој се нуди за Porsche 911, а италијанската каросериска компанија Ares Design сега ја претстави својата визија и новиот проект базиран на 992 Targa.

Ова не е првпат Ares Design да се занимава со Targa, а сега компанијата ја продолжува традицијата со изработката на прекрасни примероци, за што доказ е и овој фантастичен проект. На прв поглед, овој Porsche 911 Targa можеби не се разликува премногу во однос на стандардниот модел, но сепак италијанската компанија го претвори овој единечен примерок со специјално направен карбонски боди кит кој ја зголемува ширината на возилото за 8 сантиметри на предниот дел и 4 сантиметри на задниот, давајќи му поагресивна, но и поелегантна става на автомобилот.

Ares Design Porsche 911 Targa

Еден од највпечатливите елементи од новиот боди кит се сребрените отвори за воздух кои сега се поставени кај сводовите над предните тркала. Ares исто така додаде и сребрен трим на предниот браник и страничните прагови, кои совршено се совпаѓаат со сребрените ретровизори, сребрениот Targa покрив и сребрените тркала.

Компанијата исто така работеше и на кабината која е опремена со нов тапацир кој вклучува и лога на Ares Design поставени на потпирачите за глава. Со новата кожа се опфатени и контролната табла, панелите на вратите и управувачот, кој исто така го добива беџот на компанијата.

Ares Design Porsche 911 Targa

Промени се направени и на 3,0-литарскиот битурбо шестцилиндричен мотор кој сега испорачува дополнителни 60 КС, благодарение најмногу на додавање на спортски издувен систем.

Како единечен проект, од Ares истакнуваат дека оваа најнова креација е специјална нарачна за клиент, а цената не е откриена.

Поврзани вести

Back to top button