fbpx

Aston Martin го покажа новиот V12 Speedster

Претставен првично во март годинава, Aston Martin V12 Speedster продолжува со фазата на развој со тестирањето на патиштата

Ограничениот специјален Aston Martin V12 Speedster го направи своето деби во прототип форма во пресрет на почетокот на тестирањата на патиштата кои наскоро ќе започнат. За да се одбележи сето тоа, Aston Martin сподели фотографии од прототипот кој се одликува со мат црна боја.

Во споредба со изложбениот автомобил, прототипот изгледа речиси идентично. Единствената разлика се чини дека е недостатокот на облоги на предната решетка и нагласениот карбонски браник со поголем издувен систем.

Aston Martin го опишува својот автомобил како „бескомпромисен, изворен двосед“, V12 Speedster ќе биде ограничен на 88 примероци на светско ниво кога ќе започнат испораките кон почетокот на следната година. На Q одделот на Aston Martin му беа потребни само 12 месеци за радикалниот „роудстер“ да го доведе од концепција до производство на прв прототип.

V12 Speedster

Автомобилот е мешавина на Aston Martin Vantage и DBS Superleggera со специјално изработена алуминиумска платформа. Производителот не ја открива тежината на возилото, но со оглед на тоа дека каросеријата е направена речиси целосно од карбон и не поседува покрив ниту прозорци, V12 Speedster сигурно се одликува со мошне мала тежина.

V12 Speedster

V12 Speedster се напојува со 5,2-литарскиот битурбо V12 кој испорачува 700 КС и 752 Nm. Тоа е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да се стигне за 3,5 секунди и да достигне максимална брзина од 300 километри на час.

Цените за Aston Martin V12 Speedster стартуваат од 765.000 фунти во Велика Британија.

Поврзани вести

Back to top button