Aston Martin со два нови модели врз Lagonda
Главниот извршен директор на Aston Martin, Енди Палмер, потврди за магазинот Car and Driver дека до 2023 година семејството Lagonda ќе биде збогатено со уште два модели
Британскиот бренд Aston Martin ја враќа својата популарност и со своето темпо ги задивува сите свои конкуренти. Aston неодамна го претстави DB11 Volante и во моментов работи напорно на Vantage за 2019. Покрај тоа, компанијата покажа подморница, учествува во градежен проект во Мајами, а наскоро ќе ја видиме и сериската верзија на Valkyrie хиперкарот. Неодмна Енди Палмер потврди и дека до 2023 година семејството Lagonda ќе биде збогатено со уште две возила. Интересно, не станува збор за седани или SUV изведби. Бидејки Aston Martin наскоро ќе го претстави својот DBX модел, кој ќе биде ривал на Bentley Bentayga.
Lagonda
– Факт е дека ниту еден од двата нови модели кои ќе се приклучат на Lagonda Taraf неможе да се нарече класичен седан, објасни Палмер. Ако направиме класичен седан, ќе биде тешко да се пробие на пазарот. Затоа ги поттикнавме момците во одделот за дизајн да направат нешто што ќе ни помогне да го „скршиме“ статусот наметнат од Rolls-Royce и Bentley.
Се знае дека двата нови модели се изградени на иста платформа од новиот Aston Martin DBX, чија премиера следи. Опсегот на моторот ќе се дели со DBX, а исто така ќе има и целосно електрична верзија.