fbpx

Aston Martin ќе лансира електричен SUV

Раководството на британскиот производител на автомобили Aston Martin планира да даде зелено светло за производство на електричен SUV

Се очекува кросоверот да се појави на пазарот во 2021 година под луксузната марка Lagonda, која е во сопственост на компанијата од 1947 година и да биде конкурент на Rolls-Royce Cullinan и Bentley Bentayga. Се претпоставува дека новиот кросовер ќе добие надворешни и технички сличности со прототипот Lagonda Vision Concept, кој дебитираше на автомобилскиот салон во Женева пред два месеци.

Британците успеаја да ги зачуваат сите други информации за новата Aston Martin Lagonda. Сепак, според официјалните податоци, автомобилот ќе се составува рачно. Следната година, компанијата планира да ланстра и електрична верзија на седан изведбата Aston Martin Rapide. Автомобилот може да го добие префиксот Е во своето име.

Најверојатно возилото ќе биде произведено во ограничен број од 155 примероци во фабриката на компанијата во Гејдон, во Велика Британија.

 

Поврзани вести

Back to top button