fbpx

Aston Martin ја најави ограничената серија на новиот V12 Speedster

Aston Martin вчера го потврди производството на исклучително ограничениот број на новиот V12 Speedster, а автомобилот се очекува да го има своето деби подоцна оваа година

Aston Martin објави само еден тизер, но сепак дава доволен број на информации за тоа што можеме да очекуваме. Британскиот производител на луксузни автомобили планира да произведе само 88 примероци од моделот V12 Speedster кои ќе ги нуди за купувачите ширум светот.

„Вкупно 88 ентузијастични возачи и колекционери кои ќе ги обезбедат клучевите од овие автомобили можат да бидат сигурни дека ќе поседуваат легендарен дел од историјата на Aston Martin“, изјави претседателот на Aston Martin, Енди Палмер.

V12 Speedster претставува roadster без покрив и со две седишта, кој ќе потсетува на DBR1 од 1959. година кој триумфираше на Ле Ман, како и на концептот CC100 Speedster од 2013 година. Ќе се напојува од 5,2-литарски V12 битурбо мотор кој ќе испорачува 690 КС и 700 Nm вртежен момент, а силата ќе се пренесува со осумстепен автоматски менувач.

Од Aston Martin порачуваат дека V12 Speedster ја поседува најновата технологија од мотоспортот и авијацијата. Автомобилот е производ на Q by Aston Martin одделот за персонализација. Секој примерок ќе биде рачно направен, а првите испораки се очекуваат во првиот квартал од 2021. година.

Поврзани вести

Back to top button