fbpx

Aston Martin со нови слики од Vanquish Zagato Shooting Brake

Британскиот производител на луксузни спортски автомобили конечно се пофали со дизајнот на својот новиот модел, кој ќе биде произведен во само 99 примероци

Изминатиот месец овој британски производител потврди дека Zagato Shooting Brake ќе му се придружи на семејството Vanquish Zagato, но процесот на лансирање на овој нов модел е многу бавен. Овие слики од најавуваниот модел сугерираат дека неговата глобална премиера е навистина близу.

За прв пат имаме можност да го видиме прекрасниот интериер на Vanquish Zagato Shooting Brake. Во кабината се наоѓаат само две седишта кои се обложени со кафена кожа со штоф во форма на буквата Z, како и две големи логоа „Z“ кои се наоѓаат на наслонот за глава, а потекнуваат од името Zagato. Исто така како дел од интериерот се и јаглеродните детали кои му обезбедуваат стилски и модерен изглед.

Пределот зад седиштата е местото каде надворешниот дизајн на овој модел доаѓа до израз. Таму се наоѓа пространиот багажен простор обложен истота така со кафена кожа и материјал од јаглеродни влакна.

Vanquish Zagato

zagato

Надворешноста има навистина мешан изглед кој претставува спој меѓу класичниот стил на Aston Martin во предниот дел, дизајн од типот на Lotus во задниот дел, како и стилски линии од Jaguar меѓу нив.

Една од најинтригирачките работи кај новиот Vanquish Zagato Shooting Brake претставува стаклениот покрив во форма на буквата „V“.

Од Aston Martin изјавија дека исто како и Vanquish Zagato и Vanquish Volante Zagatо, ќе бидат произведени само 99 единици од новиот Vanquish Zagato Shooting Brake, додека пак Speedster ќе биде произведен во само 28 примероци.

Новиот Vanquish Zagato Shooting Brake се базира на Vanquish S, така што ќе биде погонуван од природно аспирираниот 5,9 литарски V12 мотор, со излезна моќност од 592 коњски сили.

Недостатокот на менувачот во внатрешната конзола највероватно посочува дека мануелната опција кај овој модел нема да биде достапна, па така Shooting Brake ќе ја дели осум-степената автоматска трансмисија со Vanquish S.

Официјалната премиера како и датумите за почеток на испораката на овој модел се сеуште непознати, но едно е сигурно, британците работат напорно зад сцената за да го подготват официјалното лансирање на овој автомобил.

Поврзани вести

Back to top button