fbpx

Aston Martin со два специјални 007 модели во чест на новиот Џејмс Бонд

Q одделот на Aston Martin ги претстави ограничените и специјални 007 Edition верзии на моделите Vantage и DBS Superleggera во чест на Џејмс Бонд

Најновиот, 25-ти филм за тајниот агент Џејмс Бонд, No Time to Die, во ноември ќе пристигне во кината, а во истиот ќе се најдат дури четири Aston Martin автомобили. Меѓу нив е и легендарниот DB5, класичен V8 Aston Martin, како и последниот GT на британската компанија, моделот DBS Superleggera. Во чест на најновиот филм за Џејмс Бонд, како и сопствената улога во истиот, Aston Martin претстави два ексклузивни модели кои се приклучуваат во поставата на британската марка.

Имено, Vantage и DBS Superleggera 007 Edition моделите ќе бидат достапни во ограничен број, а се развиени од стана на Q одделот на Aston Martin. Двете верзии веќе се достапни за нарачка, а истите ќе бидат испорачани во првиот квартал од 2021 година.

Aston Martin Vantage 007 Edition е дизајниран по инспирација на Aston Martin V8. Овој автомобил прв пат се најде во The Living Daylights филмот за Џејмс Бонд од 1987 година, а ќе се појави и во новиот филм. Стандардната решетка од ладилникот е заменета со друга која има ретро дизајн и хромирана рамка. Задниот дифузер е украсен со жолти детали кои на оригиналниот автомобил во филмот означуваа ракетни генератори.

Од овој модел ќе бидат произведени само 100 примероци кои ќе се продаваат ширум светот. Каросеријата ќе биде лакирана во Camberland сива боја. Ентериерот ќе биде обложен со црна кожа, а на визирите ќе се најдат бројките 96,60 кои претставуваат френкфенцијата која Бонд ја користеше во легендарната сцена со бегство. Во автомобилот ќе се најдат и уште неколку детали кои потсетуваат на специјалниот автомобил направен за филмот. Пред се, реплика на копчињата за лансирање проектили, реплика на легендарната контролна плоча и друго. Специјалната верзија на моделот може да биде опремена и со носачи и скии.

Од друга страна, Aston Martin планира да произведе само 25 примероци од моделот DBS Superleggera 007 Edition. Овој автомобил е инспириран од моделот кој Бонд го вози во филмот No Time to Die. Сите примероци ќе бидат лакирани во Ceramic сива боја. Покривот, ретровизорите, предниот сплитер, задниот дифузер и спојлер ќе имаат карбонски финиш. Моделот пристигнува со уникатен сет на 21-инчни тркала со кракови во обликот на буквата Y. 007 ознаките се на страните и на спојлерот, како и во внатрешноста на автомобилот.

Aston Martin

Aston Martin Vantage 007 Edition чини најмалку 161.000, а DBS Superleggera 007 Edition барем 279.000 фунти.

Поврзани вести

Back to top button