fbpx

Aston Martin темелно го освежи Vantage

Автомобилот има темелно надграден 4,0-литарски битурбо V8 кој доаѓа со значително поголема моќност и многу други механички надградби

Aston Martin Vantage е темелно ажуриран за моделската 2025 година и покрај спортскиот нов изглед, дебитира со значително зголемување на моќноста што ги подигнува перформансите на нови височини.

Aston Martin го опишува новиот модел како „најфокусираниот кон возачот и најбрзиот Vantage во 74-годишната историја на познатото име“, а самите спефикации го сугерираат токму тоа. За напојувањето на Vantage е задолжен темелно надграденниот битурбо V8 од 4,0 литри со 665 КС и 800 Nm вртежен момент, што е огромно засилувања од 155 КС и 115 Nm во однос на стариот модел.

Инженерите успеаја да ја зголемат моќноста благодарение на модификациите на профилите на камерите на V8, оптимизациите направени во односот на компресија, поставувањето на поголеми турбополначи и зголеменото ладење. Заедно со моторот во комбинација доаѓа познатиот 8-степен ZF автоматски менувач кој ги движи задните тркала и му дозволува на автомобилот да достигне од место до „стотка“ за 3,5 секунди додека се движи до максимална брзина од 325 км/ч. Помош во подобреното забрзување на автомобилот е новиот систем за контрола на лансирање и прилагодлив систем за контрола на тракцијата.

Направени се голем број и други подобрувања во перформансите. Меѓу другото, има поголема странична цврстина помеѓу столбовите на задната суспензија и вградени се интелигентни адаптивни амортизери. Aston Martin вели дека овие нови амортизери обезбедуваат „вродено спортско чувство додека оставаат простор за воведување прогресивна построга контрола на телото“ и се споени со рафиниран електронски систем за управување со серво.

Aston Martin Vantage 2025

Дизајн

Сите Vantage модели за 2025 година ќе доаѓаат стандардно со 21-инчни тркала обвиткани во нарачани гуми Michelin Pilot Sport 5 S со димензии 275/35 напред и 325/30 назад. Дисковите за сопирачки од леано железо се исто така стандардни, додека карбон-керамичките сопирачки се опционален додаток и не само што ги подобруваат перформансите, туку и заштедуваат 27 килограми тежина.

Има и некои други значителни промени. На пример, постои напреден систем за контрола на динамиката на возилото и електронски заден диференцијал кој работи заедно со ажуриран ESP систем.

Aston Martin Vantage 2025

Визуелно, најочигледните промени се направени на предниот дел на моделот од 2025 година. Aston Martin ја зголеми големината на решетката и ги вгради Matrix LED фаровите кои не се различни од оние на DB12. Спортскиот автомобил има и поширок заден браник, поголеми издувни цевки, а покрај стандардните опции за боја, може да се нарача и со една од трите достапни бои.

Новиот модел, исто така, ги следи стапките на DB12 со промените во внатрешноста. Контролната табла е ремонтирана и вклучува нов 10,25-инчен инфозабавен систем надополнет со многу физички копчиња и прекинувачи. Аудио систем со 11 звучници и 390 вати е стандарден, додека системот со 15 звучници и 1.170 вати од Bowers & Wilkins е достапен како опција.

Aston Martin ќе започне со производство на Vantage овој квартал пред да започне со првите испораки во вториот квартал.

Поврзани вести

Back to top button