fbpx

Aston Martin започна со тестирање на Valkyrie на патиштата

По тестирањата на патеките, Aston Martin својот спорткски хиперавтомобил Valkyrie започна да го тестира и на јавните патишта

Соработката меѓу Aston Martin и Red Bull Advanced Technologies ги покажува своите резултати, па така фотографиите покажуваат дека Aston Martin својот спортски модел Valkyrie кој ќе пристигне во ограничен број започнал да го тестира во реални услови на јавните патишта. Најмоќниот автомобил на британската компанија на сите времиња, кој е чекор поблиску до почеток на производството, во Гајдон ќе се произведе во само 150 примероци.

Меѓу 150-те примероци на Aston Martin Valkyrie вклучени се и 25 примероци на верзијата AMR Pro кои ќе можат да се користат само на тркачките патеки, а секој од 150-те купувачи за овој автомобил ќе мора да издвои речиси три милиони долари. За возврат ќе добијат „ѕвер“ кој се напојува со 6,5-литарски V12 мотор во комбинација со хибриден систем кој располага со вртоглави 1.176 КС при 10.500 вртежи во минута и 900 Nm максимален вртежен момент. Електричниот мотор е развиен во соработка со Rimac Automobili.

Во Косворт, каде што е развиен моторот, велат дека агрегатот пред сериозните зафати ќе може да прејде 100.000 километри, што веројатно нема да им смета на идните купувачи кои своите автомобили би требало да почат да ги добиваат кон крајот на годината, иако датумот се уште не е официјално одреден.

Поврзани вести

Back to top button