Audi со дизел верзии за S6 и S7
Audi ги откри првите детали за новите дизел верзии на луксузните модели S6 и S7, кои ветуваат дека ќе им понудат на корисниците одличен сооднос помеѓу однесувањето на патот и ефикасноста на горивото
Новите S6 Sedan, S6 Avant и S7 Sportback се опремени со 3.0 литарски, V6 TDI дизел мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 349 коњски сили и максимален вртежен момент од 700 Nm и е комбиниран со осумстепена роботизирана менувачка кутија и систем quattro кои ги движи четирите тркала.
Според официјалните податоци на Audi, просечната потрошувачка на гориво на новите дизел S6 Sedan, S6 Avant и S7 Sportback се движи од 6.2 до 6.5 литри на 100 километри.
Дизелската изведба на Audi S6 Sedan е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 5 секунди, а на S6 Avant и S7 Sportback е потребна една десетина од секундата повеќе. Сите три нови модификации доаѓаат со електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h.