Аudi ветува 12 електрични модели до 2025 година
Audi предвидува брза електрификација на својaта гама, до 2025 година брендот ќе понуди 12 модели на пазарот со целосна електрична моќност
Ова го најави Питер Мертенс, кој е одговорен за развојот на новите Audi модели, со некоја форма на електрификација – хибриди и plug-in хибриди, како и електрични.
Вкупниот број на еколошки возила на компанијата до 2025 ќе биде над 20.
Мертенс ова го изјави на состанокот со 7.000 работници на Audi во Инголштат и потврди дека до 2020 година компанијата ќе ги претстави трите веќе објавени модели на E-Tron.
Во исто време, шефот на Audi, Рупрет Штедлер, потврди дека производството на електрични автомобили ќе биде “глобално”, вклучувајки го и мексиканскиот погон на компанијата. Според претходните информации, компанијата планира да ги произведе електричните автомобили за Кина на локалниот пазар, а станува збор за најмалку три модели. Веќе е потврдено дека компанијата ќе произведува електричен модел во Белгија – кросовер Е-Tron Quattro.