fbpx

Audi E-Tron GT Concept ѕвезда во новиот Avengers 4

Концептот дебитираше изминатата недела на шоуто во Лос Анџелес, но сепак пред очите на публиката ќе се појави повторно во еден од најпознатите наслови на филмското платно

Електричниот концептен модел на Audi,  овој пат се најде на филмското платно во долгоочекуваното четврто продолжение на филмот Avengers. Како и претходните делови, така и новото продолжение на овој хит филм се очекува да биде еден од најголемите блокбастери на годината, па така Audi ова ќе го искористи во своја полза со цел да го промовира својот нов модел кој ќе започне со производство кон крајот на 2020 година.

Од Audi не изнeсувaат многу детали во врска со појавувањето на концептот E-Tron GT во новиот Avengers 4, но како што е веќе познатно, присуството на овој германски бренд во кинематографскиот универзум на Marvel е прилично големо.

e-tron gt

Во првиот дел на Iron Man, моделот R8 се најде во рацете на главниот херој Тони Старк, во Captain America: Civil War можевме да го погледнеме концептниот модел Prologue, додека пак во Spider-Man: Homecoming се појавија моделите A8 и TT. Така, појавувањето на овој модел во новото продолжение на Avengers и не не изненадува баш.

Филмот е веќе рангиран од над 2 милијарди долари, а фановите со нетрпение го очекуваат новото продолжение со оглед на тоа дека во Avengers 3 голем број од супер хероите беа убиени од страна на негативецот Танос.

Концептниот E-Tron GT ќе може да го погледнете веќе од наредното лето, за кога е закажана премиерата на овој иден блокбастер.

Поврзани вести

Back to top button