fbpx

Audi го претстави TTS Competition Plus

Audi лансира ново ниво на спортска ллинија наречена Competition Plus за опсегот на TTS, како и нов Bronze Selection трим за TTS и регуларниот TT

TTS Competition Plus моделите ќе пристигнат со LED фарови, препознатливото Audi лого на страничните прагови, црвени сопирачки, сјајни црни 20-инчни тркала и фиксиран заден спојлер, но и ред други детали на екстериерот во темни бои. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу Chronos Gray, Glacier White, Tango Red и Turbo Blue бои за екстериерот.

Во внатрешноста се наоѓа 12,3-инчниот виртуелен инструментален кластер на Audi, Nappa кожа, хромирани елементи, карбонски дизајнерски додатоци, Satin Turbo Blue или Gloss Tango Red прстени на отворите за вентилација и менувач обложен со Алкантара. Тука е и управувачот со рамно дно, како и Tango Red акценти на патосниците.

2,0-литарскиот TFSI мотор на Audi TTS сега испорачува поголема моќност, односно 320 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Купето од нула до „стотка“ стигнува за 4,5 секунди, а на roadster верзијата и се потребни 0,3 секунди повеќе. Благодарение на ова, тој парира на останатите модели со високи перформанси од Volkswagen групацијата како Golf R, Tiguan R и Arteon R. Исто така, седумстепениот S tronic менувач, Quattro перманентниот систем за движење на сите четири тркала и магнетните амортизери на Audi се дел од стандардната опрема.

Bronze Selection

Кога станува збор за Bronze Selection тримот, оваа спецификација е достапна и за TTS и за TT. Се карактеризира со голем број бронзени елементи на седиштата, централната конзола и отворите за вентилација, додека тука се и бакарните конци како контраст во ентериерот. За екстериерот, купувачите ќе можат да бираат меѓу Chronos Gray, Glacier White и Mythos Black боите кои ќе одат во комбинација со бронзените детали на 20-инчните тркала. Освен тоа, препознатливата Singleframe решетка е финиширана во сјајна црна боја за TT, односно мат титаниумска црна за TTS.

TTS Competition Plus

Во внатрешноста пристигнува B&O премиум аудио систем, алуминиумски детали и стандарден кожен пакет со контрастни шевови.

TTS Competition Plus

Bronze Selection пакетот чини 6.190 евра за обичниот TT, односно 4.490 евра за TTS и може да се нарача престојната пролет. Кога станува збор за TTS Competition Plus, оваа варијанта ќе се најде во продажба во Германија овој месец, а цената е поставена на 61.000 евра за купе, односно 63.700 евра за roadster верзијата.

Поврзани вести

Back to top button