fbpx

Audi, Hyundai и Renault меѓу првите го рестартираат производството

Автомобилските производители полека се „будат од сон“ и повторно отвараат дел од своите фабрики во Европа како најава за почеток на нормализацијата во производството

Иако на поголемиот дел од Стариот континент и понатаму пустоши коронавирусот и се одвива драматична битка за да се стави крај на ширењето на пандемијата, дел од автомобилските компании постепено се враќаат на производството на автомобили. Според Bloomberg, околу 100 работници од погонот за изработка на мотори во фабриката на Audi во унгарски Ѓер веќе ги стартувале производствените ленти, а засега се работи во една смена. Втората производствена лента ќе стартува до крајот на неделава.

Bloobmerg проценува дкеа поради застојот во производството што е последица на пандемијата на новиот коронавирус во Европа оваа година ќе бидат произведени 3 милиони автомобили помалку од она што беше планирано пред избивањето на глобалната здравствена криза, додека вкупните загуби на автомобилската индустрија ќе изнесуваат 60 милијарди евра само во Европа.

Владите на европските земји и автомобилските компании во моментов се во потрага по начин на кој ќе можат постепено да се враатат на производството, се со цел загубите да бидат што е можно помали. Освен Audi, и Renault делумно го обнови производството и тоа во фабриката во Португалија, додека стартот на погонот во Романија е планиран за 21 април.

Исто така, оваа недела со работа ќе започне и фабриката на јужнокорејскиот производител Hyndai во Чешка, но засега во две наместо во три смени колку што имаше пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

Поврзани вести

Back to top button