Audi, Mercedes и BMW го бојкотираат салонот во Детроит
Audi се приклучи на BMW и Mercedes-Benz во одлуката да го пропушти следното издание на автомобилскиот салон во Детроит
Најголемата германска тројка во премиум сегментот за прв пат ќе биде без претставник на традиционално најголемиот салон во Северна Америка. Audi и го нанесе последниот тежок удар на организаторите на Детроитскиот автомобилски салон.
Од Audi ја објаснија својата одлука одлука со фактот дека салонот се одржува во временски интервал, кој не се совпаѓа со појавата на новите модели на компанијата и прецизираа дека во иднина ќе преземат слични решенија. Воедно Германците напоменаа дека ќе направат анализа и ќе дадат оценка за „вредноста на секоја изложба колку придонесува за медиумска и потрошувачка перспектива “.
Според аналитичарите главната причина за одлуката да се пропушти Детроит е зголемената конкуренција, поточно одржувањето на неколку недели порано на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас.
Тој нуди повеќе можности за претставување и пофлексибилен изложбен простор, повеќе посетители и релативно пониски цени за изложувачите. Во последните години се повеќе автомобилски компании ги преориентираат американските премиери токму за Лас Вегас.
Портпаролот на Здружението на автомобилски дилери во Детроит, кое го организира автосалонот, најави дека веќе се во тек планови за револуционерни промени во салонот и за неговата трансформација во „глобална сцена која ќе нуди поефикасни како трошоци, така можности”.