fbpx

Audi го покажа ентериерот на новиот Q4 e-Tron

Германски Audi објави серија на тизер фотографии во пресрет на премиерата на Q4 e-Tron, а најголемиот фокус е ставен на новиот ентериер

Audi Q4 e-Tron ќе дебитира следниот месец. Но, електричниот кросовер на германската компанија сега се најде на серија фотографии во кои е прикажан камуфлиран прототип. Сепак, фокусот е ставен на унапредената и модерна кабина. Новиот електричен модел на Audi ќе се одликува со поголем багажен капацитет во однос на претходните ЕВ кросовери на компанијата како e-Tron и e-Tron Sportback.

Кога станува збор за технологијата, Q4 e-Tron го добива препознатливиот Virtual Cockpit на Audi со стандарден 10,1-инчен MMI екран на допир. Како опција, пак, ќе се нуди 11,6-инчен екран. Според тоа, Q4 e-Tron ќе го поседува најголемиот екран кој ќе биде достапен во било кој модел на германската компанија. Исто така, две нови карактеристики ќе бидат достапни со новиот Q4 e-Tron за прв пат. Тоа се „Hey, Audi“ гласовниот асистент, како и опционалниот head-up екран со проширена реалност.

Овој екран ќе проектира насоки, стартни и крајни точки и ред други функции директно на предното стакло. Елементите на head-up екранот со проширена реалност се „проектирани“ на просечна оддалеченост од 10 метри од возачот. Полето на прегледност само по себе изнесува 70 инчи во дијагонала, а кога ќе се комбинира со PGU и LCD екран, сите информации ќе бидат далеку полесни за читање за возачот.

Уште една важна карактеристика за ентериерот на Q4 e-Tron е паметното пакување. Со модуларната MEB архитектура, која моделот ја споделува со VW ID.4, електричниот кросовер ќе има должина од 4,6 метри. Благодарение на ниско поставената батерија и долгото меѓуосовинско растојание од 2.773 милиметри, ќе има багажен простор како и најголемите конкуренти кои користат мотор на внатрешно согорување (521 литри). Со преклопување на задниот ред, Q4 e-Tron ќе има багажен капацитет од 1.489 литри.

Audi Q4 e-Tron

Кога станува збор за материјалите, купувачите можат да изберат од традиционалната, вештачка или целосна Nappa кожа во S Line моделот. Вештачката кожа пристигнува со високо квалитетниот Dinamica трим со антилоп ефект, иако е сочинет од 45 проценти рециклирани материјали.

Audi Q4 e-Tron

Покрај фотографиите, Audi не понуди многу детали, а истите ќе бидат објавени кога електричниот кросовер ќе дебитира следниот месец.

Поврзани вести

Back to top button