fbpx

Audi планира три RS модели оваа година

2019 година Audi го проширува своето портфолио со претставување на повеќе производи на пазарот

Шпанската поделба на компанијата го презентираше планот за 2019 година и ги најави Audi A6 Allroad, фејслифт на Audi TT RS и RS5 Sportback наменета за Европскиот пазар во второто тримесечје од годинава. Овој период од годината ќе биде преполн со премиери меѓу кои и фејслифт на моделите Q7 и A4, новите електрифицирани модели Q5 E-tron и A7 E-tron и проширување на Q семејството со Q4.

Audi

Како што беше презентирано, новиот компактен кросовер всушност ќе се вика Q4, а не Q3 Sportback, како што некои најавија. При крајот на годината во план се уште два E-tron модели, додека пак RS семејството ќе биде дополнително проширено со RS Q3 и RS6 Avant. Моделите за кои се надевавме дека ќе ги видиме недостасуваат, но можно е Audi да лансира повеќе производи од она пто беше презентирано.

Поврзани вести

Back to top button