Audi го претстави новиот А1
По неколку фотографии на интернет, Audi официјално го претстави новиот А1 за моделската 2019 година
Обновениот хечбек на Audi е различен од неговиот претходник, како во поглед на дизајнот така и со техничките иновации. Во екстериерот, најважни се импресивната решетка на ладилникот и трите специфични отвори под хаубата. Мала сличност со претходниот модел може да се најде само во силуетата и воопшто во пропорциите на автомобилот.
Инаку, новиот А1 ќе биде достапен и со опции како што се LED фарови, S Line пакет, дополнителни додатоци, поголем заден спојлер и поинакви странични прагови. Автомобилот може да се нарача во 11 колорити, а може да се изберат различни бои за страничните огледала, покрив, прагови и спојлер.
Внатре новиот А1 ќе им понуди на идните сопственици дисплеј од 10,2 инчи, мултифункционален управувач, а нивоата на опремата ќе бидат три. Моделот е долг 4,03, широк 1,74 и висок 1,41 метри. Волуменот на багажникот е 335 литри и може да се зголеми до 1.090 литри, ако задните седишта се преклопени. Седиштата се спортски, а предните може да бидат опремени со опција за греење, како и избор од 30 различни бои.
Друга опција ќе биде Android Auto и пакетот за поддршка на Apple CarPlay, како и 2 USB-излези. Клиентите исто така ќе можат да избираат помеѓу два дополнителни аудио системи со 8 или 11 звучници. Во агрегатската понуда за А1 ќе бидат три бензински единици TFSI: 1.0-литарски со три цилиндри, како и 1.5 и 2.0 четирицилиндерски. Досега, капацитетите не се објавени, но се претпоставува дека тие ќе варираат од 95 КС до 200 КС. Менувачките кутии ќе бидат соседум брзини со двојна спојка, како и шестстепен S-tronic.
Автомобилот, исто така, ќе има системи за помош на возачот: ограничувач на брзината, приспособлива контрола на патувањето, сензори за паркирање, систем за следење, за враќањето во лентата при ненамерно излегување… Интересна новина, исто така, ќе биде сензор за откривање на потенцијални опасности. Ако системот мисли дека постои опасност од судир, го предупредува возачот и ако тој не одговори, автомобилот автоматски ќе сопре.