fbpx

Audi Q1 доаѓа во 2020 година

Најмалиот модел од SUV палетата на Audi ќе се појави по две години

Верзијата Q1 е и официјално одобрена за сериско производство, соопшти списанието Auto Express.

Со промоцијата на Q1, Audi ќе ја продолжи традицијата започната со А1, за наметнување на премиум модели во пазарни сегменти со пониски цени на автомобилите. Тоа е тренд, во кој на свој начин се вклучуваат и другите премиум брендови BMW и Mercedes, откако видоа дека Audi продава речиси по 100.000 примероци А1 на година во Европа.

Q1

– Не можеме да го игнорираме брзорастечкиот тренд во SUV сегментот на пазарот, па затоа постојано морате да бидете присутни со некои новини, за да го задржите темпото што го наметнува конкуренцијата, коментира за британското списание, шефот на продажбата и маркетингот на Audi, Брам Шот. – Нашата иднина зависи од многу елементи, па сметаме дека мора да сме присутни на секое поле. Нема да биде никакво изненадување ако Q1 биде меѓу лидерите на пазарот.

Q1Речиси сигурно е дека Q1 ќе биде изграден врз платформата на следната генерација А1. Втората генерација на А1 ќе се појави кон крајот на оваа година и покрај технологијата, ќе сподели и дел од дизајнот со идниот Q1.

И двата модела ќе се изградени на платформата на VW Group MQB, која веќе се користи кај новите SEAT Ibiza и VW Polo. А, тоа значи дека моторната гама на Q1 ќе ја вклучува најновата генерација на бензински и дизел мотори, а тоа најверојатно значи 1,0-литарски 3-цилиндерски бензински турбо агрегат, помоќни бензински мотори со зафатнина од 1,5 литри и 1,6 турбо дизел.

Поврзани вести

Back to top button