fbpx

Audi R8 RWD станува нов член на опсегот

R8 доаѓа повторно со погон на задните тркала, овој пат наместо како ограничено издание, тој се придружува како сериско производствен модел

Audi R8 со погон на задните тркала, како варијанта беше воведена пред неколку години, а сега компанијата повторно ја враќа за моделската 2020 година. Моделот доаѓа со неколку измени и ново име, односно сега го носи V10 RWD наместо претходното RWS. Уште поважно е дека автомобилот не е во ограничено издание, туку му се придружува на R8 семејството како сериско производствен модел.

Достапен и во двата каросериски стила, Coupe и Spyder, R8 RWD ќе се појави на европските пазари на почетокот од следната година, со цена од 144.000 евра и 157.000 евра, соодветно, во Германија.

Новиот R8 RWD со себе носи неколку визуелни надворешни ажурирања, како преден сплитер, влезови за воздух и воздушни излези во задниот дел кој станале пошироки. Дифузерот е придвижен погоре, и сега со себе носи два овални издувни врва. Новитет е и Kemora Gray бојата, која се придружува на веќепостоечката палета.

R8 RWD

Како стандард, моделот доаѓа со 19-инчни фелни, но може да ги одберете и понудените 20-инчни. На листата на дополнителна опрема се наоѓаат и Carbon Styling и Extended Black Styling пакетите. Внатрешноста пак, се истакнува со спортски седишта изработени од кожа и Алкантара и додадено RWD лого на инструмент таблата.

Како и кај ограниченото R8 RWS издание, R8 RWD е напојуван од 5,2 литарскиот природно аспириран V10 мотор, со 540 коњски сили и 540 Nm вртежен момент. Поврзан е со седум-степениот S Tronic менувач, така што R8 Coupe до 100 km/h забрзува за 3,7 секунди и достигнува брзина од 320 km/h, додека пак R8 Spyder е за 0,1 секунда побавен и достугнува максимална брзина од 318 km/h.

Поврзани вести

Back to top button