fbpx

Audi размислува за поекстремна верзија на R8

Audi Sport размислува за RWD верзија на спортскиот модел, фокусирана главно за изведба на патеката

Изграден врз основа на успехот на R8 RWS, новиот модел ќе стане предизвик во класата на претстојниот Mercedes-AMG GT (R) Black Series. Ова го најави шеф на одделот за перформанси на компанијата, Оливер Хофман.

„Имаме некои добри идеи за поекстремниот R8, бидејќи знаеме дека моќниот надворешен дизајн на нашиот тркачки автомобил е неверојатен, така што луѓето би сакале да се вози и на улица. Моторот на тркачки автомобил е речиси идентичен, а ние ги имаме возачите на GT3 кои за нас го прават тестирање на шасија.“ изјави Хофман.

R8

И покрај очигледната желба да излезе со варијанта на R8 фокусирана на патеката, гласиниот модел нема да добие голема промена на моќноста. Тоа е затоа што Audi Sport не е заинтересиран за електрификација на 5,2 литарскиот природно аспириран V10 мотор, бар не за оваа генерација. Наместо тоа, тој ќе е фокусиран на управувањето, а Хофман навести дека шасијата ќе е изведена од GT3, со надградувања на системите за потпирање и кочење, како и каросериски дополнувања инспирирани од тркачката варијанта.

Хофман потврди и дека и покрај успехот на R8 RWS, другите модели на Audi RS нема да добијат погон на задните тркала. Тие дури и нема да добијат модифицираниот Quattro AWD систем сличен на BMW xDrive. Исто така, тој призна дека неодамна лансираниот SQ8 TDI наскоро ќе биде придружуван од RS Q8, кој ќе стане врвниот SUV на Инголштадт.

Поврзани вести

Back to top button