„Уловен“ најмоќниот Audi
Папараци успеаја да го „фатат“ новиот Audi RS7 Sportback без маска за време на патните тестирања во Шпанија
Набилданиот лифтбек ќе биде претставен кон крајот на следната година и ќе стане најмоќниот сериски модел во историјата на брендот.
Audi RS7 Sportback
Ако судиме според фотките, следниот RS7 Sportback нема да биде многу различен од сегашниот. Очигледно е дека следат набилдани браници, зголемување на отворите за воздух, дифузор одзади и овални цевки од издувот. Според првичните информации, новиот RS7 ќе биде достапен во две верзии. „Основната” ќе биде опремена со 4.0-литарски V8 со два турбополначи и моќност од 550 КС, преземен од Panamera Turbo. Со него забрзувањето до „стотка“, ќе трае околу 4 секунди, а максималната брзина ќе биде ограничена на 250 km/h.
Техниката од Porsche ќе го добие топ-изведбата Audi RS7 Plus. Тој ќе биде опремен со хибридната опција на Panamera Turbo S E-Hybrid во која 4.0-литарскиот осмак е помогнат од електромотор, а вкупната моќност достигнува 680 КС. Вака спакуваната изведба ќе забрзува до „стотка“ за 3,5 секунди и ќе патува до 50 km само на електрична енергија.